Започна производството на обновениот Opel Crossland

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на PSA Групацијата лоцирана во близина на шпанскиот град Сарагоза започна производството на обновената верзија на Opel Crossland.

Актуелната, прва генерација на овој модел беше претставена во 2017 година, а главен новитет во поглед на истата, споредбено со фејслифтот, е предниот дел кој е целосно нов. Во однос на задниот и страничниот дел нема некој повпечатливи измени. Сепак тука се новите двобојни комбинации како и алуминиумски фелни.

Во однос на мотористиката, во понудата остануваат истите мотори. Бензинскиот 1.2 литарски како и 1.5 литарски дизелски мотор. Првиот продуцира 83 КС како и 130 КС со помоќната верзија, додека вториот, 1,5 литарски, е достапен со 110 и 120 КС.

Првите испораки на овој подновен модел доаѓаат на почетокот на јануари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK