Започна производството на новата генерација на Nissan Qashaqi

ОБЈАВЕНО НА:

Порано од очекуваното во фабриката на Nissan во англискиот град Сандерленд започна производството на третата генерација од моделот Qashqai.

Производството доаѓа откако на 18 февруари годинава се одржа светската премиера на овој модел, а за негово производство беа вложени 400 милиони фунти во прилагодување на фабриката, нова технологија и обука на вработените.

За потсетување новата генерација се темели на унапредената CMF-C платформа. Должината изнесува 4.425 мм што го прави подолг во однос на моделот од претходната генерација. Во однос на мотористиката, доаѓа со 1,3 литарски бензински мотор и 1,5 литарск ибензински мотор во комбинација со електричен систем.

Покрај во Англија, за очекување е овој модел да започне да се произведува и во Јапонија и Русија со што ќе биде достапен и на повеќе пазари во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK