Започна производството на Audi Q4 e-tron

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката лоцирана во близина на германскиот град Цвикау, и официјално започна производството на долгонајавуваниот модел Q4 e-tron на Audi. Производството стартува иако се уште не е одржана официјалната премиера која е закажана за следниот месец.

Цвикау кој е главниот центар на Volkswagen за производство на електрични автомобили во наредните години низ целиот свет ќе ги испорачува електричните модели на Audi.

Од претходно е познато дека овој автомобил се темели на МЕВ платформата на Volkswagen Group. Должина изнесува 4.590 мм, ширина 1.865 мм и висина од 1.613 мм додека пак меѓусокиното растојание 2,76 метри.

Во понудата доаѓа со неколку различни верзии и електромотори. Оттука капацитетот на батериите варира од 52 до 77 kWh додека автономијата изнесува до 500 км. Најмоќната верзија доаѓа со два електромотори кои продуцираат максимални 306 КС, а до стотка забрзуваа за околу шест секунди.

Во Германија овој модел веќе е достапен за нарачки, а почетната цена започнува од 69.100 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK