Започна продажбата на Skoda Kamiq

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку месеци од премиерата, во земјите од централна и западна Европа започна и официјално продажбата на најновиот модел на Skoda, малиот кросовер Kamiq.

Цената за основното ниво на опременост со 1.0 литарски TSI мотор изнесува 17.950 евра. Интересно е тоа што во матичната земја, Чешка, за истиот модел со основно ниво на опременост ќе мора да одвоите 14.930 евра.

Во основното ниво на опременост меѓудругото доаѓа мануелна клима уред, инфотејмент аудио систем со 6.5 инчен екран осетлив на допир, четири звучници, Fronz Assist, возачко седиште подесиво по висина, LED предни и задни светла, систем за предупредување на напуштање на лента, девет воздушни перничиња…

До почетокот на август овој модел треба да е достапен и во останатите европски земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK