Започна новата ера – поставен камен темелникот на фабриката за првиот турски автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата го постави камен темелникот на фабриката во која ќе се произведува првиот турски национален автомобил.

Станува збор за фабриката во близина на Бурса во која кон крајот на 2022 година ќе започне со производство на првиот турски автомобил кој кон крајот на минатата година беше свечено претставен во Истанбул.

“Планираме да ја завршиме фабриката за 18 месеци, а првиот турски автомобил од траката ќе се симне во последниот квартал на 2022 година” изјави Ердоган на свечената церемонија.

Турска Автомобилска Иницијативна Група (ТАИГ), како што е наречена оваа иницијатива е предводена од страна на Мехмет Гурчан Каракас, еден од водечките менаџери во Bosch и веќе активно ги предводи проектите за истражување и развој на овој модел. Во развојот, силите ги здружија едни од најголемите турски компании: Anadolu Grubu, BMC, Kok Grubu, Turkcell, Zorlu Grubu како и Унијата на турските берзи и стопанската комора.

Инаку Турција се обиде во далечната 1961 година да го произведе првиот, целосно турски автомобил, но безуспешно. Неколку години подоцна се формираше Tofas кој во тој период, па и денес, е вклучена во заедничко производство на модели од европските производители, наменети за пазарите во Турција и околните земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK