Започна акцијата за спас на Maserati

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од времето на Маркијоне, FCA вложуваше значителни ресурси во популаризација на брендовите Alfa Romeo и Maserati. Првиот, со новите модели Gulia и Stelvio полека се враќа на старите патеки додека судбината на другиот е неизвесна.

Со цел ја зголеми продажбата и подобри финансиските перформанси, Менли, првиот човек на FCA изјави дека ќе бидат инвестирани повеќе пари во најразлични активности во Maserati, а при тоа ќе се редуцираат и трошоците.

Maserati изминатиот период се соочува со повеќе проблеми. Најпрво забележа голем пад на продажбата на што влијаеа и новите WLTP регулативи. Истовремено понудата на овој италијански бренд е доста проблематична и неконкурентна ако се знае дека два од постоечките модели во понудата, GranTurismo и GranCabrio се веќе 11 години стари, а истовремено доцни импелментацијата на стратешкиот план поставен од Маркијоне.

По кадровските промени и реструктуирања најавено е подновување на понудата со акцент на електрифицирање на дел од моделите. Во наредниот период се очекува FCA да излезе со конкретни планови во поглед на овој премиум бренд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK