Законите не важат за Tesla – ќе ја отворат фабриката и покрај забраната

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку денови Илон Маск и Tesla се во вербална војна со округот Аламеда во Калифорнија во однос на рестартирањето на фабриката на Tesla.

Калифорнија им препушти на окрузите да донесат самостојни одлуки во однос на коронавирусот, особено во однос на работата на фабриките. Овој округ донесе одлука да продолжи забраната за производство со што го изнервира Маск.

Тој при тоа изјави дека планира да ја пресели компанијата во Невада или Тексас, се со цел да изврши притисок, но тоа не резултираше со промена на одлуката на Аламеда.

Сега и покрај законската одлука за забрана, Маск изјави дека го продолжува производството. “Tesla денес повторно ќе започне со производство спротивно на прописите на округот Аламеда” објави Маск на Твитер и додаде дека ако некој мора да биде уапсен тоа треба да биде само он.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK