Поради загаденост на воздухот исклучени возила од сообраќајот, се воведува и пар-непар

ОБЈАВЕНО НА:

Загадувањето е голем проблем секаде, а како дел од причината се наведува и користењето автомобили, особено наму каде има постари возила. Во градовите во Индија каде владее сообраќаен хаос и бројни еколошко-инфраструктурни проблеми стануваат пример за Скопје и другите загадени градови во Македонија.

Така на пример, главниот град на Индија, Њу Делхи, кој важи за еден од најзагадените градови, заедно со Скопје, Тетово и Куманово, презема рестриктивни мерки се со цел да ја намали загаденоста на воздухот.

Локалните власти објавија дека поради големи издувни гасови, забранети се бројни автомобили кои испуштаат голема количина на штетни гасови, а усвоена е и мерка според која ќе се воведе пар-непар возење.

Ова пар-непар правило ќе важи и за такси превозниците и останатите субјекти кои обавуваат јавен превоз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK