„Забраната за продажба на бензин и дизел е самоубиство и подарок за кинеската автомобилска индустрија“ – сметаат Италијаните

ОБЈАВЕНО НА:

Многу лидери на автомобилската индустрија предупредија дека забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување во ЕУ од 2035 година всушност ќе им наштети на европските производители и ќе им користи на кинеските компании.

Сега на оваа тема се огласи и италијанскиот министер за транспорт кој ја критикуваше ваквата одлука на Европската унија.

Од 2035 година, автомобилите на бензин и дизел, па дури и хибриди и plug-in хибриди, повеќе нема да се продаваат во Европската унија. Многумина го поздравуваат, а има многу такви кои го гледаат како погрешен потег, кој може да и наштети на европската автомобилска индустрија.

На пример, Италија го зголеми своето незадоволство, а министерот за транспорт Матео Салвини го окарактеризира преминот кон електрични возила како „самоубиство и подарок за кинеската автомобилска индустрија“.

Веќе е сосема јасно зошто Салвини размислува така. Кинеската автомобилска индустрија огромен дел од своите капацитети префрли на производство на електрични возила, кои се поконкурентни од европските, односно до 10.000 евра поевтини, ако се споредат моделите во исти класи. Дури и големите европски производители се борат да продаваат електрични возила во Кина, бидејќи локалната конкуренција е премногу силна.

„Сите ние се грижиме за водата, квалитетот на воздухот и за почиста животна средина, но тоа не значи отпуштање милиони работници и затворање на илјадници бизниси. Идеолошкиот фундаментализам на електричната енергија е самоубиство и подарок за Кина“, рече Салвини, кој ја предводи десничарската партија Лега Норд.

Но, засега нема менување на одлуката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK