За само неколку дена: Tesla Cybertruck доби 146.000 нарачки

ОБЈАВЕНО НА:

Верувале или не, но за само неколку денови на адресата на Tesla пристигнаа речиси 150 илјади нарачки за новиот Cybertruck на Tesla

Како што истакна Илон Маск, досега се пристигнати точно 146 илјади нарачки за овој контроверзен модел на Tesla кој е претставен како неуништливо возило.

При тоа се открива дека 42% од нарачките се однесуваат за поскапата верзија опремена со два мотори. При тоа оваа верзија до 100 км/ч забрзува за 5 секунди, а со едно полнење на батеријата може да се движи и до 800 км.

Слично му се смееја и за автомобилите, но Tesla одамна продава сериозно и се уште има многу нарачки за своите возила.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK