За побрза електрификација: Сите паркинзи мора да имаат полначи за ЕВ возила

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот проблем за забрзаната електрификација е немањето на доволен број на полначи низ урбаните средини. Но, и тоа полека се менува и секоја држава различни реагира на тоа. Колку побрзо се поставата полначи толку побрзо и луѓето ќе бидат охрабрени да купат електрични возила.

Неделава властите во главниот град на Брисел одлучија да воведат нова политика, наложувајќи им на сите паркинзи кои имаат над 10 места дека треба да инсталираат станици за полнење на електрични возила до 2025 година. Бројот на електрични автомобили во главниот град на Белгија се зголеми за 75 % во минатата година, а регионалните власти сакаат да се приспособат на растечката побарувачка.

Дополнително, во 2020 година, регионалната влада одлучи да постави цел за изградба на 22.000 јавни пунктови за полнење до 2035 година и оваа политика побрзо ќе ја достигне таа бројка. Понатаму, политиката наложува станбените згради да исполнуваат одреден број на полначи за електрични автомобили.

Како што пренесува RTBF, секој што поседува електричен автомобил треба да има пристап до станица за полнење на одредената паркинг зона.

Од 1 јануари 2025 година, службените паркиралишта ќе мора да пренаменат минимум 10% од нивните паркинг места во станици за полнење за своите вработени. Тој број, сепак, се претпоставува дека ќе порасне на 20% во 2030 година. Јавните паркинзи, од друга страна, треба да имаат 5% до 2025 година и 10% до 2030 година.

Исто така, во станбените згради секој жител кој поседува електрично возило мора да има пристап до станица за полнење. Властите во главниот град на Белгија, исто така, поставија упатства за тоа како да се изградат станици за полнење за да се спречат пожари, со користење на специфични материјали, вентилација и систем за исклучување на струја во случај на вонредна состојба.

Министерот за климатска транзиција и животна средина на Брисел, Ален Марон, беше цитиран во соопштението за печатот, објаснувајќи дека околу 1.000 луѓе годишно умираат од загадениот воздух во градот и префрлањето на автомобилите кон решенија со нула емисии е главен приоритет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK