За овие прекршоци во Грција ВЕДНАШ одземаат таблички и возачка

ОБЈАВЕНО НА:

За некои прекршоци нема да платите казна во Грција годинава, но ако ве фати тамошната полиција ќе ви ја одземе возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена.

Многу често во текот на туристичката сезона стигнуваат вести дека некои возачи во Грција се казнуваат за направен сообраќаен прекршок. Некогаш има парична казна, а некогаш се одземаат и регистарските таблички и документите (сообраќајната дозвола и возачката). Тоа дополнително го усложнува вашиот престој во Грција бидејќи нема да можете да си заминете пред 60 дена. Толку е казната.

Според важечкиот сообраќаен закон кој е во сила во Грција, толеранцијата за некои прекршоци е НУЛА. А покрај пари, возачите остануваат и без регистарски таблички и без документи.

Ова е новиот ценовник за најчестите сообраќајни прекршоци во Грција.
* Поминување на СТОП без застанување – 700 евра
* Поминување на црвено светло – 700 евра
* Насилно возење – 700 евра
* Недозволено претекнување – 80 евра
* Пречекорување брзина до 20 км/ч – 20 евра

Ако минете на црвено на семафор, ќе платите казна од 700 евра, но 20 дена ќе останеш без возачка дозвола и без таблички.

Повеќето патишта во Грција, иако имаат две ленти и наликуваат на автопат, имаат ограничување од 100 километри на час.

Поради промената на регулативата ќе се укинуваат казните за одредени прекршоци, но наместо тоа ќе се одземаат регистарските таблички на возиалот и ќе се одземе возачката дозвола до 60 дена.

Таа мерка ги офаќа следниве прекшоци:
*Користење на мобилен телефон додека возите
* Не користење појас
* Ако немате кацига додека возите мотор
* Превоз на дете во автомобил без детско седиште
Значи, за овие прекршоци нема да платите казна во Грција годинава, но ако те фати тамошната полиција ќе ти ја одземе возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK