За љубителите на Renault – на аукција реткиот Sport Spider

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа Silverstone Auctions од Велика Британија, во ноември закажа аукција на примерок од моделот Sport Spider на Renault.

Станува збор за еден од вкупно 1.635 примероци произведени во периодот од 1996 до 1999 година во Франција,кој се базира на RMR платформата, а чиј дизајн е дело на Патрик Ле Кемент..

Од оваа бројка во Велика Британија биле дистрибуирани само 60 примероци, а еден таков опремен со четирицилиндрен 16V мотор со 148 КС е токму овој кој е на аукција.

Renault Sport Spider

Овој примерок кој е на аукција се наоѓа во одлична состојба и има поминато нешто повеќе од 23 илјади километри. Почетната цена не е позната и ќе биде откриена на почетокот на ноември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK