За 100% зголемен увозот на автомобили во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците се за увезените, а дел од тие возила (особено половните) стојат на автоплацевите додека го чекаат својот нов сопственик. Бројките на новите возила се далеку од посакуваните за да се замени речиси 20 години стариот возен парк на улиците.

Во Македонија во првата половина од годината забележан за нешто повеќе од двојно поголем увоз на возила во споредба на првата половина од минатата година, соопшти Царинската Управа на Република Македонија.

Така, од јануари до крајот на јуни увезени се вкупно 23.915 возила, а во истиот период минатата година биле увезени 11.592 возила.

Од оваа бројка, 2.902 се нови патнички аввтомобили што е пораст од првата половина минатата година кога беа увезени 2.379 нови. Нов рекорд е забележан кај половните при што се увезени 18.996 половни патнички автомобили. Само за споредба, во текот на целата мината година увезени се 23.880 половни автомобили.

Официјалните бројки покажуваат дека се увезени и 498 нови товарни моторни возила, 1.401 употребувано товарно возило, 10 нови автобуси и минибуси и 108 употребувани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK