Yamaha се откажа од производството на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на мотоцикли, Yamaha изминатите неколку години работеше на развој на концептни автомобили со цел подготовка за влез во автомобилската индустрија како дел од стратегијата за диверзификација на своето бизнис портфолио.

Плановите и активностите за производство се целосно стопирани, а причината е силната домашна и меѓународна конкуреција од останатите автомобилски производители како и електрификацијата која станува се позастапена.

“Автомобилите не се повеќе во нашите долгорочни планови” изјави портпаролот на Yamaha, Наото Хоире во рамките на саемот за автомобили кој во моментов се одржува во Токио.

Yamaha влезот во автомобилската индустрија го најави во 2015 година кога го претстави концептот на спортски двосед.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK