Xiaomi регистрираше компанија за производство на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Името на Xiаomi најчесто се поврзува со телефоните, а компанијата е меѓу Топ-3 но светот. Но, тука не застанува нивниот подем. Сега сакаат да се испробаат и во светот на автомобилите, и тоа оние електричните.

Компанијата објави дека го завршила процесот на регистрација на својата нова компанија Xiaomi EV, што го означува официјалниот почеток на иницијативата на компанијата во светот на паметни електрични автомобили.

На крајот на март оваа година, Xiaomi ги потврди гласините дека компанијата ќе влезе во целосно нов деловен сегмент за тоа – паметни електрични автомобили, објавувајќи дека компанијата ќе започне со почетна инвестиција од 10 милијарди јени (над 1,5 милијарди американски долари) ) и во текот на следните 10 години, посветеноста на компанијата кон проектот ќе биде илустрирана со вкупно 10 милијарди долари инвестиции.

Од Xiaomi сега велат дека прифатиле повеќе од 20.000 биографии за вработување во својата нова автомобилска компанија. По изборот, новата дивизија сега може да се пофали со околу 300 специјалисти, со потенцијал тимот да се зголеми во блиска иднина.

И со нетрпение ги очекуваме првите модели. Ако се како телефоните, тогаш ќе бидат, квалитетни, со конкурентни цени и технолошки напредни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK