VW се извини и ја повлече рекламата за новиот Golf (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку денови беше објавено дека ќе прекинат испораките на новата, осма генерација од моделот Golf поради проблеми со софтверот, Volkswagen повторно се најде на мака со овој модел.

Причина за ова е комерцијалната реклама која Volkswagen мораше да ја повлeче поради тоа што беше окарактеризирана како расистичка.

Во рекаламата која беше прикажана на интернет и бројни телевизиски канали се гледа како бела рака оттргнува црнец од паркирано возило на Golf.

Ова предзвика остри реакции особено кај невладините реакции па под притисок Volkswagen се извини. “Без сомневање, видеото е невкусно и несоодветно. Ќе истражиме како се случи ова и ќе има последици” изјавија од Volkswagen.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK