VW Passat во САД уште само три години

ОБЈАВЕНО НА:

Уште само три години Volkswagen ќе го произведува и продава моделот Passat во САД, соопштуваат од компанијата.

Според соопштението, моделот Passat ќе престане да се произведува во текот на 2023 година во фабриката во Четануга.

Ова е дел од стратегијата на Volkswagen за експанзија на електрични возила. Согласно истата, германскиот прозивдоител во оваа фабрика веќе спроведува инвестиција тешка 800 милиони долари која треба да ја подготви фабриката и персоналот за производство на електрични возила.

“Донесовме одлука за прекин на Passat во САД. Трендот на продажба оди во корист на SUV моделите” изјави првиот човек на американската дивизија на Volkswagen, Ралф Брандстетер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK