VW ќе укинува дел од актуелните модели

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen планира да ги зголеми маргиналните приходи, а со тоа и профитот преку редуцирање на портфолиото на модели. Планот е до 2022 година вкупниот профит да се зголеми за 6%.

За таа цел VW ќе ја намали понудата на модели. Во моментот нема точно најавено кој модели ќе ги повлече од понудата, освен популарната “Буба” која повеќе нема да се произведува. Инаку оваа одлука на VW е помалку чудна бидејќи изминатата година, како и годината што доаѓа најавени се бројни нови (електрични) автомобили. Од ова најверојатно ќе биде стопирано производството на некои од долгогодишните модели во понудата на германскиот производител.

Истовремено со цел да ја оствари зацртаната цел, VW ќе ја намали и понудата на мотори и бои. Исто така, за да го постигне саканиот процент на зголемување на профитот, фокусот ќе биде поставен и на намалувањето на трошоците. Тоа намалување ќе се постигне преку искористување на партнерските односи со Ford и неколку кинески компании за производство и развој на некои автомобили.

Останува да се види официјално во наредниот период кои модели ќе згаснат и покрај најавената електрична иднина на овој најпродаван германски авто бренд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK