VW ќе повлекува возила поради ризик од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави дека ќе започне со повлекување на возила од американскиот пазар поради ризик од појава на пожар кој може да настане поради неисправни делови.

Ова произлегува откако NHTSA (National Highway Traffic Safety Administration) издаде соопштение во кое се наведува дека кај одредени модели постои проблем со цревото за гориво кое може да се одвои од агрегатот.

На тој начин би можело да се појави испарување на горивото кое може да се запали. Оваа грешка е утврдена кај 526 примероци од R изведбата на VW Golf произведени во периодот помеѓу 13. март и 8. август оваа година.

Вкупниот број на возила кои германскиот производител ќе ги повлечи изнесуваат 1.620, а покрај VW Golf R, ќе бидат повлечени и неколку возила на Audi и тоа A3 и TT Coupe, TT Roadster. Повлекувањето ќе започне од 1. февруари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK