VW ќе лансира нов бренд – доаѓа и во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Поради одличната продажба на моделот Volkswagen Jetta, германскиот производител во соработка со кинески FAW на 26 февруари минатата година го лансираа нискобуџетниот бренд Jetta.

Минатата дебитантска година беше одлична и при тоа се продадоа над 100 илјади примероци. Оваа бројка повеќе од сигурно е дека годинава ќе биде надмината. Само во првите четири месеци, и покрај кризата се продадени над 40.000 примероци, а во април беа испорачани 13.500 примероци.

Ова е секако бројка која ги прави Германците повеќе од горди бидејќи секојдневно нивниот удел на најголемиот пазар на автомобили постојано се зголемува.

Познавачите на автомобилската индустрија сметаат дека Volkswagen нема да заврши тука. Веќе кон крајот на оваа година овој бренд ќе биде достапен во околните земји на Кина меѓу кои и Индија, вториот најголем пазар во Азија кој воедно е во топ 10-те во Светот.

Дополнително додаваат дека овој бренд наскоро би можел да се најде на пазарот во Русија, а од 2023 година ќе биде достапен во Северна Африка, Латинска Америка, но и некои европски земји, особено оние од југоисточна Европа кои не се дел од ЕУ меѓу кои би можело да биде и Македонија.

Тоа значи дека рестилизирани модели од брендовите на Audi, Volkswagen, Skoda ќе може да се купат во Македонија под брендот на Jetta за цена од 9 до 20 илјади евра. Но, прво да дојдат, па потоа ќе се радуваме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK