VW Golf 8 – само што почна да се продава ќе мора во сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Осмата генерација на Golf беше најочекуваниот модел минатата година. Веднаш по премиерата следеа низа позитивни и негативни реакции, а оние кои се против овој модел сега имаат причина плус за тоа.

Само неколку месеци по слободната продажба на овој модел, најмалку 30 примероци ќе мора да одат на принуден сервис, пренесуваат германските медиуми.

Причината за ова повлекување се проблеми во софтверот кој оневозможуваат нормално функционирање на одредени функции. Поради ова, VW ќе ја прекине испораката на овој модел на неодредено однсоно се додека не се фиксираат спорните примероци кои се наоѓаат на залиха во моментов.

Од Volkswagen не соопштуваат каде се се испорачани овие модели и во кој временски интервал ќе бидат повлечени и ќе бидат фиксирани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK