VW го произведе 5 милионитиот Tiguan

ОБЈАВЕНО НА:

Голем јубилеј прославува моделот Tiguan на Volkswagen. Имено овој SUV деновиве го произведе 5 милионитиот примерок.

Целото патешествие на овој SUV започна во 2007 година кога во фабриката во Волсфсбург е произведен првиот примерок. Истиот период, оваа прва генерација која на пазарот се задржува се до 2017 година започнува да се произведува и во Оснарбик (Германија), Шангај и во виетнамскиот главен град Хо Ши Мин.

Веднаш по почетокот на производството на светските пазари се продадени нешто над 120 илјади примероци, а првата генерација својот рекорд го забележува во 2015 година кога се продадени половина милион примероци.

Така во 2017 година се продадени речиси 700 илјади примероци, а минатата година заврши со продажба на 800 илјади примероци.

Со ова Tiguan прераснува во најпродаваниот SUV на Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK