VW ги уништува тест возилата, продадени на клиенти

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието Spiegel во текот на минатиот декември откри дека во периодот меѓу 2006 и 2018 година Volkswagen продавал на нивни клиенти автомобили кои биле користени за тестирање. Тогаш од германскиот концерн објавија дека продажбата на демо  автомобили не е забранета со закон и се практикува од многу други производители.

За да биде избегнато продлабочување на скандалот од Volkswagen почнале да ги откупуваат возилата и да ги уништуваат проблематичните возила. На страницата на рускиот увозник на брендот „ТрансТехСервис“ беше публикувано видео од укинувањето на еден од 57 такви автомобили пласирани на рускиот пазар.

Претсериските возила, продадени во Русија се од моделите Tiguan, Touran, Passat, Polo, Golf, Scirocco и Touareg. Според декемврискиот Spiegel, Volkswagen има пуштено во продажба 17.000 тест возила, а од ниве 5.555 се веќе откупени од компанијта и уништени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK