Враќање на отпишаните – по Hispano Suiza се враќа и De Tomaso!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на саемот во Женева официјално во светот на автомобилите се врати шпанскиот бренд Hispano Suiza, на повидог е враќање на уште еден легендарен производител.

Станува збор за некогашниот италијански производител De Tomaso кој во 2011 година имаше неуспешен обид да се врати на голема врата, а четири години подоцна, во 2015 година официјално згаснува.

Сега, по само неколку години овој бренд се враќа благодарение на компанијата Apollo Automobili кој успеа да го купи овој производител. Токму во меѓувреме компанијата работеше на Project P, концептен автомобил кој во текот на оваа година ќе ја има својата премиера.

Токму и во наредниот период се очекува да бидат обелоденети повеќе информации околу овој модел.

De Tomaso е формиран во 1959 година од страна на аргентинецот Алехандро де Томазо. Низ историјата овој италијански производител лансираше неколку спортски автомобили како Vallelunga, Mangusta, Pantera, Guara и Bigua, а во периодот од 1976 до 1993 година оваа компанија раководеше и со компанијата Maserati.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK