Вработените во SEAT со рекорден годишен бонус

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Шпанија, SEAT објави дека вработените во оваа компанија ќе добија рекорден годишен бонус, кој е со 45% поголем во споредба со договорот за 2018 година.

Од SEAT споделуваат дека на 15 април, секој од вработените на компанијата ќе добие годишен бонус во висин од 1550 евра, што е за 45,1% повеќе во споредба со тој од 2018 година.

Со 574.100 реализирни нови автомобили во 2019 година, SEAT запиша трета по ред рекордна бизнис година со двоцифрен процентен пораст (10,9%). Само во декември, побарувачката на продуктите на шпанскиот бренд се зголемила за 23,4% во споредба со истиот период во 2018 година и го достигнала нивото од 31.300 автомобили.

Најпродаваниот автомобил на SEAT во изминатата година одново е Leon (151.900 примероци, -4,1%), кој во сосема скоро време ќе добие целосно нова генерација. На второто место е Ibiza со 125.300 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK