Вработен во фабриката на Porsche го откри изгледот на новата 911

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се очекуваше тоа како ќе изгледа спортската изведба на моделот 911, сепак во јавноста излезе фотографија од овој модел без камуфлажа која ги потврдува сите очекувања.

Засега неидентификуван работник во германската фабрика на Porsche успеа да направи фотографија од Turbo изведбата на 911 и да ја пласира во интернет светот.

Она што остава впечаток и донекаде е поразличо од основната изведба се коцкестите четири издувни цевки кои одлично се вклопуваат во задниот браник. Тука се и новите фелни како и спојлерот на задниот дел. За да изгледа толку агресивно покрај екстериерните елементи се грижи и моторот. Така оваа Turbo изведба располага со 3.8 литарски twin-turbo мотор со моќност од 550 КС и 660 Nm моменти.

Сепак тоа не е се. Porsche подготви уште помоќна изведба со додавката “S” која располага сега со 600 КС. И двете изведби доаѓаат заедно со седумстепен автоматски менувач.

Не е потврдено кога ќе се случи премиерата на овој модел, но како најавени настани се саемите во Женева следниот месец и Франкфурт во втората половина годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK