Volvo за десет месеци има зголема продажба за 12,6 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Најпродаваниот автомобил на Volvo во светот за периодот јануари-октомври е XC60 со 177.995 примероци

Во првите десет месеци од 2021 година, глобалната продажба на Volvo Cars достигна 581.464 единици, што претставува зголемување од 12,6% во однос на истиот период во 2020 година.

Резултатот на Volvo Cars доаѓа и покрај намалувањето од 22,2%, на 50.815 примероци во октомври, што од компанијата коментираат дека е факт поради проблеми со снабдувањето со електронски компоненти.

Volvo Cars нагласува дека продажбата на моделите Recharge (целосно електрични и хибриди на полнење PHEV) значително се зголеми во првите десет месеци од годината и нивната глобална продажба изнесува 25,5% од вкупната продажба на марката. Само во октомври пазарниот удел на овие електрифицирани автомобили беше 31,5%.

Најпродаваниот автомобил на Volvo ширум светот за периодот јануари-октомври е XC60 со 177.995 примероци (149.855 за истиот период во 2020 година), следен од XC40 со 170.907 единици (142.159) и XC90 со 870.19 (87.019).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK