Volvo XC40 и Ford Mustang Mach-E со одлични перформанси на IIHS тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот сигурителен институт за безбеднста на патиштата IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) објави соопштение во кое ги прикажа резултатите од спроведените тестови за истражување на безбедноста и сигурноста на електричните Volvo XC40 и Ford Mustang Mach-E.

И двата електрични модели остварија одлични перформанси здобивајќи се со највисоката оценка TSP+ (TOP SAFETY PICK PLUS).

Ова е особено големо достигнување за шведскиот производител кој сега може да се пофали како единствен со сите модели во понудата кои ја имаат добиено највисоката оценка на ова тестирање. Со ова Volvo уште еднаш ја потврдува својата посветеност за сообраќај со нулта човечки жртви.

Очекувано и новиот Mustang Mach-E се здоби со максимални оценки по повеќе параметри. Единствено во однос на светлосната технологија вклучена во основното ниво на опременост се здоби со оценка “М” (Medium), но тоа е пречка за овој автомобил да се здобие и со епитетот “Најдобар” во однос на останатите модели на американскиот производител.

За потестување, претходно годинава со TOP SAFETY PICK+ оценка се здобија и електричните Audi e-tron, Audi e-tron Sportback и Tesla Model 3.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK