Volvo возилата со нов систем за прочистување на воздухот

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo ги објави деталите за новатата, понапредна технологија за прочистување на воздухот наречена “Advanced Air Cleaner”.

Станува збор за технологија развиена во Шведска, а имплементирана кај сите модели од серијата 60 и 90.

Новата технологија користи филтери на база на синтетички влакна, јонизатори и сензор кој ја мери количината на т.н. добри честички. Благодарение на ова, во возилото се спречува влез и до 95% од штетните материи и честици од надвор.

Со ова Volvo прави чекор напред кога е во прашање чистината на амбиенталниот воздух во кабината. При тоа оваа технологија наскоро ќе биде вклучена во стандардната опрема на сите модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK