Volvo со рекордни продажби

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2019 година, компанијата Volvo забележа нов пораст на продажбите, а тоа е веќе 6. година по ред во која продажбата оди во нагорна линија. Официјалните резултати за изминатите 12 месеци покажуваат дека брендот од Шведска успеал да пласира 705.452 возила на пазарот.

Продажбите на Vоlvо првпат ја надминуваат границата од 700.000 автомобили. Порастот во Европа е 7,2% што изнесува околу 341.000 автомобили, а во Кина е 18,7 односно 154.961 автомобил. Приходите на компанијата достигнале 28,5 милијарди долари односно 25,9 милијарди евра. Ова е за 8,5% повеќе отколку во 2018 година.

Швеѓаните одличните финансиски резултати ги имаат главно поради хибридите модели кои стануваат сè побарани (45.933 возила или 18% повеќе во споредба со претходната година). Vоlvо работи активно за електрифицирањето на понудата и речиси сите модели ќе имаат хибридни верзии.

Најпродаваниот модел на брендот останува XС60. Минатата година од овој кросовер се купени 204.981 примерок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK