Volvo со поевтин сервис и зголемен сервисен интервал во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Volvo во Македонија е дел од семејството на Премиун АГС компанијата чиј салон се наоѓа на улица „Перо Наков“ реши овој шведски бренд да биде уште подостапен, поконкурентен и да понуди поевтин барем во некои сегменти. Она што во моментов е интересно како акција во Премиум АГС е привлекување на сите досегашни сопственици на Volvo возила и користење на сеовремениот сервис што го поседува Премиум АГС.

На првиот Volvo роуд во Македонија, увозникот ги покажа сите модели што се достапни во нивната понуда од XC40, XC 60, V60, S90.
„Ова се најбезбедните 100 милји што ги возиме во Македонија, изјави Филип Поповиќ, бренд менаџерот на Volvo а Македонија алудирајќи на тоа дека возилата на Volvo се најбезбедните и со најмногу опрема која е во функција возењето да биде пријатно, безбедно и удобно.
„Целта на Volvo е да произведе возила што ќе бидат целосно безбедни и во нив нема да има ниту една сообраќајна несреќа со трагични последици„, истакна Поповиќ.

Исто така зголемен е сервисниот интервал од досегашните 15.000 на 30.000 километри или еднаш годишно со што Volvo уште еднаш покажа дека е бренд со квалитена изработка и дека токму затоа сервисниот интервал е зголемен.

Цените на возилата што сега се продаваат во Македонија се поевтини во однос на минатото, а исто така намалени се и цените за сервисирање на моделите и тоа за околу 20 отсто. Сето ова би требало да ги насочи сопствениците кон користење на официјалните сервиси за возилата на Volvo, и користење н аоригинални резервни делови. И не само на ново купените, туку и оние што се постари а се уште се во функција на нивните сопственици.

Плановите на Премиум АГС за годинава е продажба на околу 50-тина возила од брендот Volvo што ги значело подобрување на продажните резултати.
Наскоро, односно до крајот на мај се очекува и отворање на новиот салон што се наоѓа на улица „Перо Наков“ и каде во најмалку следните пет години ќе биде Volvo центарот во Македонија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK