Volvo ќе го менува дизајнот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијaта Vоlvо развива електрично крос купе со дизајн од нова генерација, кој ќе се разликува значајно во однос на стилот на актуелната понуда на Швеѓаните.

Ова станува јасно од интервјуто на потпретседателот на компанијата, Робин Пејџ за списанието АutоЕxprеss. Моделот ќе излезе на пазарот во 2025 година.

Новта насока во дизајнот на Vоlvо e диктирана како од модата така и од техничките карактерискити на електромобилите. Идното крос купе ќе даде почеток на цела линија кросовери, кои ќе го збогатат репертоарот на брендот.

„Транзицијата кон електричните возила отвора нови можности во дизајнерскиот план, но исто така создава и проблеми. Луѓето сакаат висока позиција во СУВ возилата, но треба да се мисли и за аеродинамиката, која влијае значително на километражата, внатрешниот простор и распределбата на седиштата“, вели Пејџ додавајќи дека следниот целосно електричен Volvo ќе биде третата генерација на XС90, кој ќе излезе следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK