Volvo доби дозвола да тестира автономни автомобили во Шведска

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo конечно доби дозвола од надлежните институции во Шведска за отпочнување на тестирање на автономни возила низ улиците на шведските градови.

Volvo овој проект го реализира заедно со Veoneer, компанија која исто така е од Шведска, чие дело е софтверот неопходен за автономните возила.

Двете компании сега на дело ќего спроведуваат проектот Zenuity во чии рамки ќе се тестираат автомобили со 4ти степен на автономија од максимални пет степени. Како што пренесува Ројтерс, во дозволата е назначено дека овие автомобили мораат да имаат возач на возачото место кој би реагирал во неопходни ситуации, а максималната брзиа по која може да се движат овие возила е ограничена на 80 км/ч.

Овој проект е креиран со цел да се одржи трката со американските технолошки компании особено Waymo кои веќе неколку години активно работат на тестирање на автономните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK