Volkswagen T-Roc R доаѓа на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

На претстојниот саем за автомобили кој во март годинава ќе се одржи во швајцарскиот град Женева, Volkswagen конечно ќе ја претстави спортската, R изведба од моделот T Roc.

На интернет се појави рендерот од најверојатниот изглед, а покрај тоа обелоденети се и повеќе технички карактеристики поврзани со оваа спортска изведба.

Така под хаубата ќе располага со 2.0 TSI мотор со 300 КС и 400 Nm со погон на сите четири тркала. Со овој мотор доаѓа и седумстепен автоматски DSG менувач. Се очекува до 100 км/ч да забрзува за помалку од 6 секунди, а максимално, ограничеата брзина изнесува 250 км/ч.

За потсетување, основниот модел на T-Roc се појави кон крајот на минатата година и е развиен на MQB платформа. Позиционирајќи се под Tiguan, заедно со T Cross се двата модели кои оваа година треба да ја заземат лидерската позиција во сегментот на мали градски SUV возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK