Volkswagen со нов модел за продажба – нарачај директно во фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината на Volkswagen Group припаѓа на целосно електричното семејство ID. Сите трговски партнери на производителот ги потпишуваат релевантните договори на новиот модел за продажба на електромобилите од Волфсбург.

Клиентите можат да изберат процес на набавка меѓу онлајн и офлајн канали или да порачуваат директно од Volkswagen, додека посакуваниот дилер останува само локален контакт. При овој модел на работа дилерот дејствува како агент и добива провизија од Volkswagen за завршената работа, велат стручњаците од Волфсбург.

Посакуваниот дилер, кој е посочен од клиентот на почетокот на процесот на продажба, добива провизија и бонус на ист начин како и во стационарниот бизнис, дури и доколку автомобилот е купен директно преку интернет од Volkswagen, што помага да се избегнат сложени преговори за цената. Според VW предноста е очигледна, а дилерите можат да сметаат на предвидлива награда, без разлика дали клиентот го купува својот автомобил онлајн или во изложбениот салон.

„Од гледна точка на клиентот, Volkswagen и трговецот стануваат едно со договорот на агенцијата. Нашите клиенти го очекуваат точно тоа без проблеми, координирано искуство при купување во сите точки а контакт“, вели Холгер Б. Сантел, кој е раководител на одделот за продажби и маркетинг во Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK