Volkswagen со најголема продажба во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 290.150 нови автомобили се продадени во Германија минатиот месец што претставува пад од околу 3 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат официјалните податоци кои ги објави KBA.

Најголема продажба оствари Volkswagen продавајќи 51.087 автомобили што претставува 17,6% од вкупниот број на продадени автомобили минатиот месец. На втората позиција е Mercedes со продадени 32.869 примероци, а потоа следи BMW со 24.532 примероци.

Во периодот од јануари до крајот на ноември во Германија се продадени 2.606.284 автомобили што е пад од 21,6% споредбено со истиот период минатата година. Доколку се земе продажбата во овој период, Volkswagen повторно е најпродаванито бренд со продадени 465.472 автомобили.

Во топ 10 најпродавани брендови за првите 11 месеци годинава се наоѓаат уште: Mercedes, BMW, Ford, Audi, Opel, Skoda, Renault, Seat и Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK