Volkswagen со I.D. R ќе „брка“ рекорд на Нирбургринг

ОБЈАВЕНО НА:

Со спортскиот електричен автомобил I.D. R германскиот производител Volkswagen ќе се обиде да го сруши рекордот на Нирбугринг.

Откако минатата година успеа по долги години да го сруши рекордот на Пајкс Пик кој претходно го држеше Себастијан Леб со неговото Peugeot, сега електричниот I.D. R е подготвен за нова авантура.

Во моментов рекордот во конкуренција на електричните автомобили го поседува Nio EP9 чије време изнесува 6:45.9, а перформансите што овој модел на VW ги демонстрираше на Пајкс Пик даваат надеж дека ќе успее да постави нов рекорд и да го подобри времето за 1,56 секунди.

Во однос на техничките карактеристики овој модел поседува два електрични мотори кој комбинирано продуцираат 507 kW однсоно 680 КС. Со тежина од 1,100 кг I.D. R до 100 км/ч забрзува за само 2.25 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK