Volkswagen сака да поседува 100% од Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen AG поднела предлог до помалите акционери во Audi AG за да ги откупи нивните делови и да стане 100% сопственик на премиум брендот. Во моментов концернот од Германија поседува 99,64% од капителот, па сака да има сè.

„Во контекст на реорганизирањето на надлежностите и одговорностите, Volkswagen AG планира да изврши прегфлање согласно германскиот закон за акционерски корпорации, за да ги придобие и останатите 0,36% од акциите на Audi“, велат од VW.

Резолуцијата за префрлањето треба да биде прифатена од годишното собрание на Audi AG. Првично тоа беше закажано за 14 мај, но сега е одложено и ќе се одржи во јули или август. Исто така беше соопштено и дека Audi ќе ја преземе водечката улога во развојната дејност во рамки наVolkswagen Group, со оглед на тоа што автомобилскиот гигант сака да ги обедини ресурсите на своите брендови за да го забрза инвестирањето во идните технологии.

Соопштението беше објавено кога Volkswagen Group ги пушти финансиските резултати за 2019 година. Од нив се виде дека оперативната заработувачка е порасната за 22% до 16,9 милијарди евра. VW Group, која ги обединува Volkswagen, Audi, Porsche, Seat, Skoda и Bentley, инвестира многу во R&D за развој на нови технологии за идните автомобики, како електрификација, поврзување и автономија.

Audi соработуваше со Porsche за развој на платфорамата PPE за премиум и големите електрични автомобили, а кога новиот извршен директор, Маркус Дусман го зазеде местото на 1април, брендот ја презема водечката улога во научните истражувања и развојот. Audi исто така ќе стане фокус на новата компанија Car.Software на VW Group, која го централизираше развојот на софтвер за автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK