Volkswagen ќе отпушта работници од фабриката во Словачка

ОБЈАВЕНО НА:

Прв пат по десет години Volkswagen отпушта работници од фабриката во словачкиот главен град Братислава.

Според официјалните потврди, VW ќе отпушти околу 500 вработение, а причината за тоа е намалената продажба во Европа како последица од воведените WLTP процедури.

Фабриката во Братислава е најголемата фабрика на Volkswagen Групацијата во оваа земја и во неа во моментов вработува 14.000 илјади лица. Во оваа фабрика оваа меѓународна групација го спроведува производството на Audi Q7, Porsche Cayenne и Volkswagen Touareg како и електричната изведба на e-Up и мини градските автомобили Seat Mii и Skoda Citigo.

Инаку Volkswagen не е единствениот производител кој е одлучи да отпушта дел од вработените во Словачка. Претходно Kia од фабриката во Жилина отпушти 30 вработени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK