Volkswagen ID.X : 333 КС, погон на четири тркала и Drift режим

ОБЈАВЕНО НА:

Користејќи го каналот на социјалната мрежа Linkedin, извршниот директор на Volkswagen, Ралф Брандштетер, откри интересен нов проект на темата, ID. Со минимални детали, Брандштете покажува специјален развој ID.X, за кој вели дека е опремен со батериски модул со капацитет од 82 kWh, како и со елементи од новата и првата од родот спортска верзија GTX- ID.4 GTX, на електромобилот од семејството ID.

Погонскиот систем, суспензијата и борд системот на експерименталниот проект Volkswagen ID.X биле сериозно изменети, а електромобилот изгледа доста поразлично од стандардното ID.3.

Крајниот резултат од новиот развој на Volkswagen е електромобил со погон на четири тркала, моќност на погонскиот систем од 333 коњски сили и специјален Drift режим на работа.

После подобрувањата, вклучувајќи го и намалувањето на вкупната тежина за 200 килограми, Volkswagen ID.X е во состојба да се забрза од 0 до 100 км/ч за 5,3 секунди.

„Дури ID.X да не се претвори во сериски автомобил, ние ќе земеме (од него) многу идеи“, вели Брандштетер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK