Volkswagen Group и Грција електрифицираат цел остров

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group и Грција најавија исклучително интересен и сериозен проект, кој предвидува трансформација на цел остров кон целосно електрифициран начин на живот и активности за транспорт.

Според меморандумот за разбирање потпишан меѓу VW Group и Грција, на островот Астипалеја ќе почне процес за трансформација кон целосно електричен транспорт, умни решенија за мобилност и генерирање на чиста енергија со помош на соларни и ветерни инсталации.

Основен акцент во новата иницијатива е умното инфраструктурно решение по интегрирањето на системот за целогодишна заедничка употреба на целосно електричниот автомобил, што делумно или целосно ќе го замени сегашното ограничувачко решение за автобуски превоз. Сериозно ќе биде засегата и темата за интегрирање на електрични скутери и електрични велосипеди.

Од Volkswagen Group најавуваат дека со иницијативата двете страни очекуваат околу 1.000 целосно електрични автомбили да заменат над 1.500 автомобили со мотори со внатрешно согорување. За целта на островот ќе биде изградена нова инфраструктура за полнење, која ќе вклучува 230 точки за полнење, кои ќе бидат приватни и јавни.

На островот Астипалеја живеат околу 1.300 лица, но секоја година привлекува околу 72.000 туристи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK