Volkswagen електрифицираше уште еден модел – ќе чини 24.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2018 година специјално за кинескиот пазар Volkswagen го разви моделот Tharu. Станува збор за SUV модел кој се базира на MQB A1 платформата кој ја дели технлогијата со моделите SEAT Ateca, Skoda Karoq и Jetta VS5.

Две години подоцна, истиот тој модел ја збогатува својата понуда со електрична верзија носејќи го називот e-Tharu.

Располага со електромотор од 100 kW благодарение на кој продуцира максимални 136 КС и 290 Nm обртни моменти. Литиум-јонската батерија е со капацитет од 44 kWh, а со целосно полнење за што е потребно 52 минути може да помине до 315 км.

Volkswagen ја откри и почената цена која изнесува 24.770 евра. При тоа производството ќе се спроведува во заедничката фабрика на SAIC-Volkswagen во Кина, а засега останува нејасно дали истиот овој модел кој во САД се продава ребрендиран какo Taos ќе добие исто така електрична верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK