Volkswagen е највредната германска компанија

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално Volkswagen е највредната германска компанија откако неделава ја надмина вредноста на SAP, познатата софтверска компанија која е со седиште во Валдорф.

Најголемото влијание има пораста на акциите од 11% со што вреноста на Volkswagen пораса на 140 милијарди евра. Тоа е повеќе од пазарната капитализација на SAP која изнесува 127 милијарди евра.

Растот доаѓа неколку денови откако самиот производител најави отворање на шест фабрики за производство на батериски ќелии до 2030 година со што ќе се осигура првиот предуслов за масовно производство на електрични возила. Аналитичарите сметаат дека придонест за огромниот пораст о почетокот на годината до овој месец, има и амбициозниот план за електрични возила кој Volkswagen со забрзано темпо го исполнува.

Во највредните германски компании се наоѓаат и: Deutsche Telekom, Mercedes-Benz, BMW, Adidas, DHL, Aldi, Bosch, Alianz, Siemens…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK