Volkswagen Amarok во Black Edition

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen подготви специјална, Black Edition верзија од својот пик-ап модел Amarok. Оваа верзија располага со 3.0 литарски мотор кој е достапен со 204 и 258 КС во комбинација со осум степен автоматски менувач.

Она што е впечатливо е црната боја, црните Talca алуминиумски 20 инчни фелни, сјајно-црните куќишта на ретровизорите и лајсни на задниот дел додека во внатрешноста повторно доминираат црните елементи.

Верзијата со 258 КС доаѓа и со црни кожни седишта, а тука се и бројните системи и технологии за асистенција на возењето и безбедноста.

Оваа верзија веќе е достапна на британскиот пазар со почетна цена од 35 илјади фунти, а дали ќе биде дел од понудата и во останатите европски земји засега останува нејасно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK