Vоlkswаgеn 14 години губел по 28.000 евра од секој Phаеtоn

ОБЈАВЕНО НА:

Во првите години од постоењето на Vоlkswаgеn покојниот Фeрдинaнд Пиeх успеал да го претвори германскиот концерн во најмоќниот производител во светот. Болната амбиција на Фeрдинaнд станала причина и за некои од најголемите неуспеси во историјата на компанијата.

Кон крајот на 90-тите Пих одлучува да му докаже на целиот свет дека дури и брендот со името „Народен автомобил“ може да произведува луксузни лимузини од висока класа. За проектот Phаеtоn не се жалени ниту средства, ниту ресурси и време, но моделот се претворил во вистинска финансиска катастрофа.

Тиражот на склопени на рака Phаеtоn не ги достигнал планираните 20.000 примероци годишно. Денес се смета дека за животниот циклус на моделот, Volkswagen претрпе загуби во висина од 2 милијарди евра или по 28.000 евра на секој продаден автомобил.

Phаеtоn останува на производствените линии цели 14 години, а иако не се произведува четири години, продолжуваат да се појавуваат интересни детали за неговиот развој. Шефот на дизајнерите на VW Grоup Клaуc Бишoф, спомнува дека макетата на моделот била најскапата во историјата на концернот.

Кога го видел изложбениот прототип на „најдобриот луксузен седан во светот“, Пиех во типичен стил ги критикувал дизајнерите и им заповедал да продолжат со работа додека не го постигнат саканиот резултат. Така ќе се појави најсложената и најскапа макета во историјата, тестирана до најмалите детали и со целосно фунцкионален ентериер.

„Штом го виде готовиот прототип, Пиех едноставно рече: Сега е веќе добро. Тоа беше најголемиот комплимент кој можевме да го добиеме од нашиот шеф“, вели Бишоф.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK