Во Велика Британија се намалува максималната брзина на движење

ОБЈАВЕНО НА:

Во Велика Британија започна проектот за намалување на максималната брзина на движење на автопатиштата. Станува збор за пилот проект кој ќе опфатени за почеток неколку автопатски делници, кој ако се покаже дека ги исполнува целите ќе биде имплементиран на сите патишта.

Според истиот, максималната брзина се намалува од 70 mph на 60 mph односно од 112 км/ч на 96 км/ч, пренесува AutoExpress.

Оваа новина ќе биде воведена на делници од автопатите М1, М6, М602 и М5, а доколку некој вози “по старо” ќе биде казнет со 100 фунти и три негативни поени.

Примарна цел на ова успорување на движењето е да се намали загадувањето односно количината на издувни гасови. Дополнително, со ова ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK