Во Скопје казнети 400 возачи – половината во Општина Ѓорче Петров

ОБЈАВЕНО НА:

Акцијата на МВР за засилените акциски контроли во сообраќајот донесе 400 санкции на територијата на Скопје. Од тоа половината се во општина Ѓорче Петров. Од вкупно 192 санкции, во Ѓорче Петров, за возење без возачка дозвола биле санкционирани 28 лица, имало и 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, а казнети се 11 мотоциклисти..

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден (16 октомври 2020) изречени се вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење. Биле откринеи 47 технички неисправни и нерегистрирани возила.

Дури 14 прекршоци од возачи се за минање на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK