Во Скопје 36 пешаци добија казни

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислите дека МВР ги казнува само возачите во сообраќајот тогаш последната информација го докажува спротивното. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки во последните 24 часа а дури 36 пешаци добиле глоба за направен прекршок.

Најголем број од искажаните казни биле за непрописно паркирање (61), потоа за возење без возачка дозвола (14), за технички неисправни и нерегистрирани возила (12) и 24 мерки за користење на мобилен телефон.
Изречени биле и 8 санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), а 24 мерки за некористење сигурносен појас.

Само на територијата на Кисела Вода изречени се вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 18 мерки за некористење сигурносен појас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK