Во Skoda работата на новиот Karoq Cabriolet!

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda Auto во моментов работи на нов концепциски автомобил кој ќе биде изработен на база на моделот Karoq, а на него работат вкупно 20 стажанти од Skoda Vocational School во Млада Болеслав. Се очекува првите резултати од оваа работа да бидат видливи веќе во јуни.

Се работи за концепциската изработка на Karoq Cabriolet и тоа ќе биде возило од петта генерација, а пред една година во рабоата биле вклучени идни спцијалисти од областите како фарбање, механизација и инженеринг.

Концепцијата, која уште нема има се создава под надзор на одговорните на одделите за технологија, дизајн и производство во Skoda Vocational School. Следуваат и надоградувања од претходните изработки на стажантите реализирани во секоја од 2014 година досега.

Првата од нив беше двосед верзијата CITIGO, а беше следена од пикап FABIA во 2015 година, спортското купе на база на RAPID SPACEBACK во 2016 година и кабриолетот ELEMENT во минатата година.

Со целосно електрично задвижување, SKODA ELEMENT беше опремена со електромотор со моќност од 82 коњски сили и вртежен момент од 210 Hm. Со ваква моќ возилото може да забрза од 0 до 100 км/ч за 13 секунди, да развие максимална брзина до 130 км/ч, а во зависност од стилот на управување со едно полнење може да помине до 160 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK